Дизајн. Ревизија.
ПРОСТОР се стреми кон креирање на развој способен да одговори на неизвесната иднина. Целиме кон воспоставување баланс меѓу барањатана заедницата и барањата на приватниот сектор за создавање на проекти со максимален поврат.
Преку нашите планерски услуги, настојуваме да го насочиме развивањето на градовите и руралните подрачјаво правец кој придонесува за социјална, економска и еколошка одржливост.
Нашето огромно искуство со изградената средина, придонесува ПРОСТОРда биде една од водечките компании во Македонија во изготвување на урбанистички планови од сите размери и детали.
Опремени сме со најсовремена техничка поддршка што гарантира максимална ефикасност и прецизност во изработката на планерските документи. За таа цел имаме развиено и својсофтвер за урбанистичко планирање, кој е прилагоден према важечките стандарди и прописи во Република Македонија.
Покрај планирањето кое се потпира на принципите на стратешко регионално планирање, зонирање и намена на земјиште, како и планирањето кое оперира со изгредената форма како основен медиум за планирање на градот, преку теоретска и истражувачка работа, се ориентираме кон алтернативен модел на планирање на градот – инструменталноста на ново појавениот пејсажен урбанизам, насочувајќи го интересот кон пејсажот како ‘празен’ медиум за градоградење со процесуална димензија.
ПЛАНСКИ ДОКУМЕНТАЦИИ, ГЕНЕРАЛНИ И ДЕТАЛНИ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ РЕФЕРЕНЦИ:
- Урбанистички План на Ски Центар Кожуф
- Урбанистички План на Беровско Езеро
- Детален Урбанистички План на Јане Сандански, Скопје
- Генерален Урбанистички План на Виница
- Генерален Урбанистички План на Куманово
- Генерален Урбанистички План на Ранковце
- Генерален Урбанистички План на Крива Паланка
- Генерален Урбанистички План на Кратово
- Генерален Урбанистички План на Клечовце
- Генерален Урбанистички План на Старо Нагоричане
- Генерален Урбанистички План на Орашац
- Генерален Урбанистички План на Липково
- Детални Урбанистички Планови за Скопје, Куманово, Крива Паланка, Кратово, Виница итн.
- Урбанистички План на Граничен Премин Табановце
- Урбанистички План на Граничен Премин Ќафасан
- Урбанистички План на Граничен Премин Деве Баир
- Планирање на Транспортни Системи
- Планирање на Бензински Пумпи