Дизајн. Контрола. Сертификација.
Главната цел на нашите проектантски активности е креирање на градбабазирана на кохезија меѓу дизајнот и природата – градба способна да обезбеди внатрешен комфорт работејќи со пониски трошоци и помалку ресурси. Нашите специјалисти за енергетска ефикасност ги контролираат условите и барања за изведба на ефикасни градбипреку примена наенергетски-ефикасни технологии и дизајн стратегии кои се од суштинско значење за воспоставување на енергетски-ефикаснии био-климатски објекти. Земајќи ги во предвид суштинските климатски и енвиронментални фактори (како што се сонцето, ветерот, врнежите и вегетацијата) стремиме кон оптимизирање на ресурсите и создавање на градби кои тежнееат кон 0-енергетска потрошувачка. Дополнителен акцент се ставаи на примена на избрани материјали во структурата на конструктијата и фасада, коина самиот почеток, го подобруваат квалитетот на севкупната ефикасност на објектот.
Покрај имплементирање на овие аспекти уште во фазата на проектирање на објектот, ниеисто така изработуваме студии и прокети заподобрување на енергетска ефикасност на постојниобјекти. Во поглед на енергетска ефикасност, го нудиме следното:
- проектирање на енергетски-ефикасни и био-климатски градби
- подготовка на истражувања за енергетска ефикасност на ново проектирани и постоечки објекти
- контрола на енергетска ефикасност на ново проектирани и постоечки објекти и технички системи
- извештај за енергетска контрола
- издавање на сертификати за енергетски перформанси за објекти