ПРОСТОР е самостојна компанија која нуди широк спектар на професионални услуги во областите на: АРХИТЕКТУРА, УРБАНИЗАМ, ГРАДЕЖНО ИНЖИНЕРСТВО, ГЕОДЕЗИЈАРАЗВОЈ НА НАПРЕДНИ ТЕХНОЛОГИИ И ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ со седиште во Куманово, Македонија.

Компанијата е основана од страна на локалните власти во 1982 година, како јавен сервис за решавање на комуналните проблеми во општина Куманово. Во 1991 година, ПРОСТОР се трансформира во приватна фирма, во сопственост доверена на своите вработени. Ваквата сопственичка структура ни овозможува максимална објективност во работата, и го поддржува нашиот стремеж кон професионална совршеност.

Тимот на ПРОСТОР се состои од широк спектар на професионалци, како архитекти, планери, градежни инженери, електро и машински инженери, геодетски инженери, хидро-технички инженери и компјутерски специјалисти. Нашиот принцип на работа подразбира заедничка соработка меѓу професионалци од различни дисциплини, во текот на целиот процес на развој на еден проект. Со таков спој на идеи, ние создаваме проекти кои се сеопфатни и поуспешни.

Покрај тоа, нашата фирма има долга и успешна традиција во склучување партнерство со други локални и меѓународни страни. Секогаш сме отворени за соработка и размена на знаење и експертиза со други фирми или поединци од различни професионални области. Таквиот пристап во нашата работа, нè издвојува од останатите пракси во Македонија и регионот.

Во процесот на донесување на одлуки и реализација на активности, секогаш ги следиме техничките прописи, постигнувајќи оптимален и рационален дизајн со максимална техничка издржаност. Како рамноправни членови на нашето општество, се придржуваме до етичките и професионалните стандарди балансирајќи помеѓу интересот на инвеститорите, интересот на заедницата и барањата на пазарот.

По долгогодишното постоење, ПРОСТОР израсна во симбол на висока концентрација на искуство, професионалност и знаење. Бројот, квалитетот и комплексонста на нашите остварувања, кои сведочат за нашата компетентност и посветеност кон прогрес и иноватовност, заедно со нашиот повеќе-дисциплинарен пристап, нè прават водечка компанија во Македонија и регионот. За работата низ годините, ПРОСТОР има стекнато повеќе награди и признанија на Биенале на македонската архитектура “БИМАС”, изложбата “АСК“ итн.