Продажба на Станбен Простор и Издавање на Деловен Простор

ПРОСТОР врши продажба на станбен простор и издавање на деловен простор во својот нов станбено-деловен објект во Куманово.

ЛОКАЦИЈА

Објектот се наоѓа на аголот на улиците Тане Георгиев и Народна Револуција, во центарот на Куманово.

Преку внимателно создадениот архитектонски израз, објектот се истакнува како препознатливо современо обележје на центарот на Куманово. Истовремено, правилно проектираните простори, одбраните материјали и применетите технологии на градба, гарантираат највисок валитет на градба со максимална техничка издржаност.

ОСНОВА НА КАРАКТЕРИСТИЧЕН КАТ

Станбениот простор е распореден од вториот до седмиот кат и на поткровјето од објектот. Темелно осмисленото решение нуди деиверзитет на станови за различни типови на корисници, почнувајќи од гарсоњери (22m2) , па се до четирисобни станови (100m2), додека нивната организација, овозможува флексибилност и можност за трансформации на просторот зависно од потребите на станарите.